Ние произведуваме самостојни метални дистрибутивни трафостаници со употреба на профабрикувани функционални единици, кои претставуваат комплетно завршен производ во фабрички услови.
Нашите решенија се дизајнирани да обезбедат безбедна и сигурна дистрибуција на електрична енергија и се идеални за:
Електрани на обновливи извори на енергија (соларни, ветерни и хидро електрани)
Индустриски капацитети и други објекти кои бараат квалитетно и флексибилно енергетско решение
Со нашите трафостаници добивате брза монтажа, сигурна работа и лесно одржување, благодарение на фабрички изведените функционални единици кои го олеснуваат целиот процес на инсталација