Изградба на метални дистрибутивни трафостаници
Ние произведуваме самостојни метални дистрибутивни трафостаници со употреба на профабрикувани функционални единици, кои претставуваат комплетно завршен производ во фабрички услови.
Нашите решенија се дизајнирани да обезбедат безбедна и сигурна дистрибуција на електрична енергија и се идеални за:
Електрани на обновливи извори на енергија (соларни, ветерни и хидро електрани)
Индустриски капацитети и други објекти кои бараат квалитетно и флексибилно енергетско решение
Со нашите трафостаници добивате брза монтажа, сигурна работа и лесно одржување, благодарение на фабрички изведените функционални единици кои го олеснуваат целиот процес на инсталација.