За БМГ
Од идеја до реалност – ние ги обликуваме технолошките промени
Веруваме дека вистинската иновација започнува со разбирање на клиентите. Затоа, нашите производи и услуги не само што ги задоволуваат нивните потреби, туку нудат и јасни придобивки што ја прават разликата
Почетоците…
БМГ Елецтрицал Енгинееринг е приватна компанија регистрирана во 2017 година како специјализирана компанија која работи во енергетскиот сектор.
Главниот фокус на претпријатието е проектирање и склопување на нисконапонски дистрибутивни ормани, моторни командни центри како и среднонапонски постројки
БМГ Елецтрицал Енгинееринг има три дефинирани дивизии:
Проектни активности кои подразбираат инженеринг, склопување (assembling) и монтажа на нисконапонски и среднонапонски разводни и дистрибутивни табли
Изградба на нови и реконструкција на постоечки примарни трафостаници
Сопствено производствио на нисконапонски табли – ИнДиПа (InDiPa – Industrial Distribution Panel)
Работењето на трите дивизии на компанијата е комплементарно, се надополнува и исползуваат заеднички ресурси како човечки, така и ресурси на опрема и алат.
БМГ Елецтрицал Енгинееринг е насочен да стане симбол на кредибилитет, континуитет и почит за сите наши клиенти.
Нашите вредности и принципи кои ни овозможуваат да ги достигнеме нашите цели и да создадеме силна корпоративна култура:
-Лојалност
-Одржливост
-Тимска работа
-Иновативност
-Посветени на клиентот
-Квалитет
-Континуиран развој